портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
НАТО - НО ШТО ТАМУ ЈА ЧЕКА МАКЕДОНИЈА
декември 2018
М-р Сотир
Гулабовски
Дали Република Македонија ќе стане триесетта членка на НАТО или сепак на престојните претседателски избори ќе дојде до манифестиран пресврт на расположението на граѓаните со нивна порака дека сепак се за воена неутралност како гаранција за безбедност од страна на двете големи силе, останува да се види на пролет. Засега работите се движат во тој правец.


Столтенберг: Ја очекуваме Македонија како 30-та членка на НАТО.

Лавров: Со ширењето на НАТО кон Македонија се прекршува нашиот „џентлменски договор“ со САД.

Ете тука некаде меѓу овие две изјави на високи функционери преставници на два големи во глобални размери воени блока сега е стисната малата Република Македонија. Една народна изрека вели „угоре високо удолу длабоко“. Па каде да оди Македонија, удолу или угоре? И двете насоки се неповолни за државата зашто тие не се во праашањето дали земјата да е со Алијансата или со Русија.

Проблемот на Македонија со НАТО е во фактот што уште од деведесеттите години од осамостојувањето политичките партии на Македонците во земјата во своите програми запишаа дека Македонија се стреми кон НАТО. Но тоа беше време на неизвесност, на распад на поранешната заедничка држава Југославија, на промен на политичкиот систем, време на воени националистички судири во доскорешните југословенски републики. Партиите и граѓаните бе исплашени од распад на земјата и во тогашното НАТО бараа државотворна заштита.

Тоа беа и години на распад на поранешниот Советски Сојуз исто така проселден со вооружени конфликти. Тоа тогаш беа мотивите Македонците премолчно да се согласуваат со партиските определби за влегување во НАТО воениот сојуз. И тоа ќе се случеше уште во 2008-ма година во Букурешт кога поради ветото на Грција предизвикано од спорот за името, таа соседна држава, членка на НАТО, стави вето на приемот на Република Македонија во Алијансата.

Какои и да е, Македонија уште не е членка во НАТО. Земјата има договори за соработка во вид на Партнерството за митр и македонската армија учествува во воени мисии, иако НАТО ги нарекува мировни како конкретно во Авганистан.

Од времето на осамостојувањето, од времето на стравот од војната и од нестабилност на државата, работите многу се променија. Во последниве дваесет години се менуваше и расположението на граѓаните особено кај Македонците. Се помал е бројот на луѓето кои сакаат земјата да ја водат во западниот воен сојуз. Расположениетои што од година во година го покажуваат анкетите од истражувањата на јавното милсење, Македонците веќе ги вбројува во противници на НАТО и на било кој друг воен сојуз.

Нешто е поразлична определбата кај Албанците кои во Република Македонија се околу дваесет проценти од населението. Причината за ова е се уште силната кампања според која НАТО е пријател со Албанците на Балканот што го има докажано со војната против Србија со која Албанците на овие простори се во историски конфликт. Згора на тоа, НАТО е креатор и на таканаречената независност на Косово што кај албанското население на Балканот, вклучително и во Македонија воопшто, прави во НАТО да гледаат свој сојузник.

Тоа е едната страна. Онаа од изјавата на Генералниот секретар на НАТО Столтенберг. Другара е во еден многу по фер факт за Македонија и за Македонците и воопшто за сите македонски граѓани. Тоа пак е содржано во изјавата на министерот за надворешни работи на Руската федерација Лавров.

Додека Столтенберг ја повикува Македонија да стане членка на НАТО, да влезе во воен сојуз, Лавров не го бара тоа. Напротив, политката на Москва е Македонија да биде воено неутрална Тоа што сега практично го бараат и мнозинството од Македонците.

Не фер односот на НАТО спрема Македонија. Условувајќи ја да се определи за НАТО, а ако тоа не го стори,  НАТО ќе ја смета земјата за сојузник на Русија, е класична уцена. На таа релација очигледно е определена и новата македонска власт која за влез во Алијансата веќе прави компропмис со Грција согласувајќи се земјата да го промени своето уставно име., а за возврат јужниот сосед да го деблокира членството на македонија во Алијансата.

Дали Република Македонија ќе стане триесетта членка на НАТО или сепак на престојните претседателски избори ќе дојде до манифестиран пресврт на расположението на граѓаните со нивна порака дека сепак мнозинството се за воена неутралност како гаранција за безбедност од страна на двете големи силе, останува да се види на пролет. Засега работите се движат во тој правец.

 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива