портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Турција во расчекор - ЕУ или ШОС?
март 2013
Ердем
Ахмет
Прашан дали Турција навистина ќе стане членка доколку добие покана за членство во ШОС, Ердоган одговори, ''Кажавме дека ќе одиме.'' Политичките аналитичари од запад веруваат дека една од основните цели на ШОС е да служи како противтежа на НАТО и САД. Затоа и не зачудува фактот што официјален Вашингтон прв реагираше на изјавата на Ердоган.      





Анкара помеѓу Брисел и Шангај


''Европската Унија сака да не заборави но се срами и не може да не заборави. Но ако ни каже отворено ние ќе се опуштиме. Наместо да го трошат нашето време нека ни кажат и ние да си ја гледаме својата работа. Пред некое време му реков на (Рускиот претседател) господин Путин, примете не во Шангајска организација за соработка (ШОС) па да им кажеме збогум на ЕУ и да си заминеме одтаму. Која е смислата на волкавото одолговлекување. '' Со овие зборови Турскиот премиер Ердоган одговори на новинарското прашање "Дали Турција ја заборави ЕУ ?

Што рече Ердоган?

Ердоган на 28-ти јануари ова година гостувајки на турската  телевизија Канал 24, рече дека не се работи за тоа дека Турција ја заборавила ЕУ интеграцијата,  напротив министерот за европски прашања и главен преговарач на Турција во разговорите за пристапување на земјата кон Европската Унија, Егемен Багиш,  на секој состанок на владата дава извештај за ЕУ, постојано е во Европа, и ги посетува тамошните земји но кога разгораваме ЕУ не ни кажува ништо убедливо.

Ердоган потсети дека во Европа живеат 5 милиони Турци, но дека заради негативниот развој на настаните , како премиер на 75 милиони жители мора да бара други алтернативи.

На прашањето дали Шангајската Петорка е  алтернатива за ЕУ, Ердоган одговори дека ШОС е подобра и многу посилна.

Прашан дали Турција навистина ќе стане членка доколку добие покана за членство во ШОС, Ердоган одговори, ''Кажавме дека ќе одиме. Кажавме дека ако не поканат ќе влеземе. Пакистан и Индија исто така сакаат да влезат. И ти го бараат тоа. Заедно ќе бидеме сведоци на ова''

Не е првпат Ердоган да зборува за членството на Турција во ШОС. Ердоган на 25-ти Јули минатата година гостувајки на  турската телевизијата канал 24 истакна дека при посетата на Русија на  шега му рекол на Путин: ''Понекогаш се задевате со мене и велите што бараме во ЕУ. Тогаш и јас сега ќе се задевам со вас.

Ајде примете не Шангајската петорка  па ние да го преиспитаме влезот во ЕУ. ''Медиумите оваа изјава на турскиот премиер тогаш ја оценија како шега. Но, кога пред два месеца ги повтори истите зборови стана јасно дека не се работи за шега.

ШОС не е  алтернатива на ЕУ

Турскиот премиер Ердоган при посетата Чешката република во фебруари ова година рече дека Шангајската Организација за соработка не е алтернатива на ЕУ?, со што делумно ретерираше од својот првичен став дека ќе се збогува од ЕУ доколку влезе во ШОС.

Ердоган потсети дека Турција е дијалог партнер на Шангајската организација за соработка, која не е само безбедносен сојуз туку дека има и економско значење.

Оваа изјава на Ердоган доби подршка и од Турскиот претседател Абдула Ѓул кој истајна дека ШОС и ЕУ не се алтернатива една на друга.

Критикувајки некои членки на ЕУ за одолговлекувањето на процесот на преговори Ѓул изјави: ''Tурција сака успешно да го заврши процесот на преговори.''

Министерот за европски прашања и главен преговарач на Турција во разговорите за пристапување на земјата кон Европската Унија, Егемен Багиш, рече: '' Како што низ текот на историјата согласно целите на ЕУ и НАТО бевме најисточна земја на западот и најзападна земја на истокот така Турција е мост меѓу ЕУ и ШОС.

Дури и секогаш прозападно орентираната Турска армија го подржа Ердоган. Во интернет списанието на вооружените сили се посветува 20 страници на ШОС и се оценува дека членството во оваа организација е во интерес на Турција.

Лидерот на најголемата опозициона Републиканска Народна Партија Ќемал Киличдароглу го критикуваше ставот на премиерот Ердоган. Киличдароглу: ''Ако влегувате во Шангајската организација за соработка , што ќе правите со НАТО. Најверојатно ќе излезете и од НАТО. Од наша страна нема пречки да се воспостават односи и да се соработува со Шангајската организација за соработка. Светот се менува, но не во смисла да се одвоиме од западната цивилизација''.

Блеф или не

Политичките аналитичари од запад веруваат дека една од основните цели на ШОС е да служи како противтежа на НАТО и САД. Затоа и не зачудува фактот што официјален Вашингтон прв реагираше на изјавата на Ердоган.

Потпаролот на Стејт Департментот, Викторија Нуланд, велејќи дека не е запознаета со изјавата на Ердоган додаде: ''Искрено , ќе биде интересно ако се знае дека Турција е истовремено НАТО членка. Ќе видиме што ќе се случи. ''

Лјуба Лулко во својота колумна во Рускиот весник Правда оценувајки ја изјавата на Нуланд како иронична пишува: ''Ова не значи дека Вашингтон не e свесна дека Турција може да се приклучи на ШОС, туку едноставно се претпоставува дека Ердоган само блефира, бидејки членството во НАТО и ШОС наводно меѓусебно се исклучуваат поради идеолошката конфронтација. ''

Ендру Финкл во својата колумна во Њујорк Тајмс тврди: '' Која и да е причината да и сврти грб на Европа, Ердоган најверојатно претера. Турција повеќе од кога било е зависна од НАТО. Германските и Холанските војници се зафатени со инсталирање на Патриот ракетите на Турско- Сириската граница со цел да се заштити (Турција) од можноста граѓанската војна против Бешар Есад да излезе од контрола. ''

И Кинеската новинска агенција Ксинхуа ја анализира изјавата на Ердоган. Турскиот политички аналитичар Абдула Бозкурт изјави за Ксинхуа дека прикличувањето на Шангајската организација за сороботка ќе и помогне на Турција во иднина да стане десета по големина економија во светот. Бозкурт смета дека економскиот раст на Кина и Русија, како и соработката на земјите членки на ШОС во областа на на енергијата и транспортот се од голем интерес за Турција.

Еден дел од интелектуалците во Турција отворено ја критикуваат изјавата на Ердоган. "Најважната карактеристика на ШОС е дека нема демократија, а ЕУ е демократска организација. Изјавата на Ердоган треба да се смета како откажување на напорите за демократизација на Турција и замена со една организација која нема демократија, туку преферира диктатура" изјави Турскиот интелектуалeц и писател, Мехмет Алтан за интернет порталот Тудејс Заман.

Турскиот професор по меѓународни односи доктор Бирол Акѓун во својата колумна на веб сајтот АБ хабер (ЕУ вести) вели :'' Пред се треба да се истакне дека овие зборови не ги кажува портпарол на Партијата за правдата и развојот, ниту за некој обичен министер во владата. Бидејки овие изјави се направени од страна на Ердоган кој 10 години е премиер на Турција треба да се сватат сериозно. '' 

Турција и ЕУ

Турција прави напори да стане полноправна членка на ЕУ од 1963 година, кога потпиша договор за партнерство со тогашната Европска економска заедница.

Турција ги почна преговорите за членство во ЕУ во 2005 година, но напредокот е бавен.  Од 35 поглавја кој се услов за членство, само 13 се отворени од страна на Турција, 17 се блокирани. Четри поглавја сеуште не се отворени. Поглавјето кое е поврзано со науката и истражувањето е привремено затворено.

Според турскиот статистички сервис ЕДАМ во 2003 година, учеството на земјите на ЕУ во трговијата со Турција изнесуваше над 55 проценти, а денес е околу 40 проценти. Од друга страна се подсетува дека процентот на подржувачите на членството на Турција во ЕУ од 70 насто во 2004 година падна на една третина во 2012 година. Турција е 15-та најголема економија во светот , а според стапката на раст е најбро растечка економија во Европа и една од најбрзо растечките во светот.

Турција и ШОС

ШОС е меѓународна безбедносна организација формирана во 2001 година во Шангај, по приклучувањето на Узбекистан на Шангајската петорка (Организација формирана во 1996 година од Русија, Кина, Киргистан, Таџикистан и Казахстан). Авганистан, Индија, Иран, Монголија и Пакистан имаат статус на набљудувачи, а Турција, Белорусија и Шри Ланка статус на дијалог партнер во организацијата.

На 31 јануари оваа година потпаролот на министерството за надворешни работи на Турција Селчук Унал изјави дека Турција сака да добие набљудувачки статус во ШОС.

Земјите членки на ШОС освен воената соработка истотака ја зајакнуваат сорабатка и во областа на економијата, транспортот,  енергетиката и борбата против тероризмот. Територијата на шестте земји членки (Русија, Кина, Киргистан, Таџикистан, Казахстан и Узбекистан) се простира на 60 насто од Евроазија, а заедно со земјите набљудувачи преставува половина од светската популација.

 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива