портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
НАТО НЕ Е ПОСАКУВАНОТО ДРУШТВО ЗА МАКЕДОНЦИТЕ
ноември 2018
М-р Сотир
Гулабовски
Етничките Македонци во мнозинство не сакаат во никаков воен сојуз. Воената неутралноста и блиски односи со соседите и со сите други држави се нивниот избор. Колку власта ќе има чувство за ваквите определби на граѓаните времето ќе покаже набргу.




Кога сега би се направило истртажување на јавносот мислење со прашање дали граѓаните на Република Македонија сакаат државата да стане членка на НАТО, одговорот на мнозинството Македонци ќе биде не. Овие индикации се од анализата на истражувањата на јавното мислење во земјата од домашни но и од афирмирани странски компании за истражување на јавното мислење меѓу кои и на еминтната американска продесничарска агенција ИРИ, агенција на американскиот републикански институт.

 Имено, во секое наредно истражување во последната декада, од година во година бројот на етничките Македонци кои се изјаснуваат против членството во НАТО е се поголем. Тој лани, токму од податоците и на оваа агенција, како и на повеќе други истражувања на македонски компании за испитување на јавното мисење, е паднат од 724% од пред десетина години, на дури 23%.  Но да нема забуна. Сега, од ланските податоици, вкупниот процент за тоа дали граѓаните на државата го подржуваат НАТО е се уште во позитива, односно повеќе од половината. Но при ова тртеба да се прецизира дека  околу 84 %  граѓани од редовите на другите етнички заедници, пред се кај мнозинсктата албанската, го формираат гореспоменатиот вкупен процент од не повеќе од 62 - 66% кумулативно на ниво на државата, значи гледано на ниво на сите граѓани, на целокупното возрасно население.

Причините за драстичниот пад на расположението кај Македонците за членство на државата во НАТО е евидентно поради неколку причини:

Прво тие се свесни дека НАТО не е гарант за внатрешната безбедност како што цело време се пропагира. Ова пред се поради бројните примери и во земји членки на НАТО каде што НАТО не ја гарантира внатрешната стабилност и внатрешното уредување на земјите членкии, туку само евентуалните воени напади однадвор.

Второ околу парите. Македонските граѓни како релативно сиромашни не можат да си дозволат државата и натаму да го зголемува воениот буџет во услови кога стандардот на населението е на многу ниско ниво и особено што во беспарица попстојано се приоритетните здравство, социјала, образование, комуналии.

И трето, Македонците се особено повредени од притисокот на САД како водечка НАТО земја врз македонските власти, но и врз опозицијата да направат компромис со Грција со кој Ќе го жртвуваат својот идентитет само државата да стане членка на Алијансата.



Неодамнешниот референдум кој не успеа и на кој на изјаснување излезе само една тртетина од населението со право на глас, исто така е индикатор за расположението спрема НАТО. Ова низ призмата на сложеното референдумско прашања во кое беше и тоа дали тие сакаат земјата да стане членка на НАТО. И одо овој аспект, мнозинскиоит референдумски одглас беше не.

Тоа дека во НАТО се живее подобро и побогато за Македонците е завршена приказна. НАТО чини пари и тоа граѓаните го знаат. Тие не се повеќе подготвени да веруваат во таквите пропагандни тврдења. Статистиката ги демантира. Имено, 2% од буџетот на државата за НАТО се пари кои можат да се искористат за други цели, а не за воените НАТО активности во Азија, Африка па дури и во Европа како со примерот со Србија пред две децении.

Граѓаните знааат дека ако буџетот на држвата за одбраната во 2016-та година беше 5,9 милијарди денари или околу 96,3 милиони евра, тоа значи дека со 2% од буџетот за одбрана како што бара и какви што се стандардите на НАТО, сега тие пари, доколку Македонија стане полноправна членка на Алијансата, ќе се зголемат на 192,7 милиони евра или околу нови 100 милиони евра на годишно ниво што е дури повеќе од двојно. Тие пари државата ги нема но со членството ќе ја има обврската воениот буџет да го дополнува со парите што сега се трошат за здравство, социјала, образование. Така населчението неминовно ќе стане уште посиромашно и понезаштитено, а земјата ќе мора да продолжи да се задолжува.

За потврда на тезава најсвежи се примерите со Албанија и Црна Гора, но и со Бугарија, Романија, Естонија. По нивното влегување во НАТО, расположението на граѓаните спласна. Тие нне почувствуваа никаов бенефит од членството, а нивните пари наместо на развој одат за программитре на Алијансата. Црногорскиот воен буџет лани беше 47 милиони евра, но тој секоја година прогресдивно ќе се зголемува и веке за 6 до 7 години треба да достиггне 70 милиони евра.

Буџетот на НАТО сега Грција го полни со 2,4 % од својот годишен буџет, Полска со 2.2, Велика Британија со 2,1, Естонија со 2%. Статистиката вели доколку и Србија би станала членка, таа би морала да издвојува околу 600 милиони евра годишно наместо сегашните 460. И овие бројки се причините во сите држави, особено во примените во поново време, расположението на граѓаните спрема овој воен сојуз од година во година да е се понегативно.

И тврдењата дека со членството во НАТО нагло ќе се зголемат сумите од странски инвестиции се  неточни. Пример е Србија каде што антинато расположението е доминантно во регионов, е преплавено со инвестиции и од западот но уште повеѓе и од Русија и Кина и во регионот е водечка земја според странските инвестиции.

НАТО, исто така, не ја промени фактичката состојба во новопримените членкии како пшто се Албанија и Црна Гора на пример, но и кај Романија и Бугарија исто така. Наместо како што беше ветувано да се намалуваат, корупцијата, криминалот, шверцот со оружје, дрога, луѓе, како и проституција и секаков друг вид криминал бележат пораст.

 Актуелните политички настани во Македонија ја водат земјата кон реализација на преспанскиот договор со Грција, а со тоа и Грција да го симне ембаргото за прием на земјата во НАТО на што особено инсисира сегашната проамериканска влада. Но опозициите и во Грција и во Македонија, секоја од свои причини, се противат на спомнатиот договор. Оттука, македонскиот пат за НАТО е се уште неизвесен. Дртжавата е соочена со финансиски проблеми, со задолжувања и со нестабилни институции. Овие неспорни факти можат на прва мала криза во земјата или во регионот, да ги поматат плановите на владата за брза интеграција во вој западен воен сојуз. Во такви околности кај македонските гражѓани аверзијата спрема Алијансата ќе биде уште понагласена. Етничките Македонци во мнозинство не сакаат во никаков воен сојуз. Воената неутралноста и блиски односи со соседите и со сите други држави се нивниот избор. Колку власта ќе има чувство за ваквите определби на граѓаните времето ќе покаже набргу.



 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива