портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
СОРОС и УСАИД во Македонија
мај 2017





контроверзи:

СОРОС и УСАИД во Македонија

Движењето „Стоп Операција Сорос“  побара од Стејт департментот, Конгресот и Сенатот на САД да се изврши ревизија за работата на УСАИД во Македонија во последните четири години бидејќи, според нив, има значително политизирање и злоупотреба на еден дел од финансиската помош која САД и ја укажуваат на Република Македонија преку УСАИД.

Според „Стоп Операција Сорос“, од февруари 2012 година УСАИД почнале соработка со фондацијата „Отворено општество“, финансирана од Сорос и потпишале договор за проект за развој на граѓанското општество во Македонија  во кој како главен изведувач била Фондацијата „Отворено општество“.

„Во декември 2012 година во Македонија започна да се креира кризата со блокирањето на Парламентот од страна на СДСМ кога требаше да биде донесен буџетот на Република Македонија по што следеше и напад на Собранието од страна на СДСМ. Оваа склучена соработка помеѓу УСАИД и СОРОС заврши на 31 август 2016 година, или поточно, во периодот кога завршија протестите на т.н. „Шарена револуција“. Оттука произлегува прашањето, дали соработката помеѓу УСАИД и СОРОС беше наменска и злоупотребена со цел да се создаде длабока политичка и безбедносна криза во Република Македонија?, изјави денеска Никола Србов од Движењето „Стоп операција Сорос“.

Бејли пред суд во САД - со Сорос злоупотребил 5 милиони долари државни пари за преврат во Македонија

Американската влада крајно нетранспарентно потрошила милиони долари на даночните обврзници на САД со цел да ја дестабилизира демократски избраната, централно-десничарската влада во Македонија, и тоа во соработка со милијардерот Џорџ Сорос. Поради ова, против УСАИД, Стејт департментот и американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, е поднесена кривична пријава од страна на "Џудишал Воч".

Државната американска агенција УСАИД на фондацијата на Сорос во Скопје од 2012 до 2016 и префрлила повеќе од 5 милиони долари за политички активности, промена на влада. Поради ова, против УСАИД, Стејт департментот и американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, е поднесена кривична пријава од страна на "Џудишал Воч".

-Американската влада крајно нетранспарентно потрошила милиони долари на даночните обврзници на САД со цел да ја дестабилизира демократски избраната, централно-десничарската влада во Македонија, и тоа во соработка со милијардерот Џорџ Сорос. Според доказите што ги поседува "Џудишал воч#, амбасадорот на САД, Џес Бејли соработувал со Фондацијата Отворено општество и префрлил големи суми државни пари на сметката на фондацијата за остварување на целта, што претставува мешање на амбасадорот во внатрешни политички прашања и кршење на Виенската конвенција - стои во соопштението на организацијата околу тужбата која е поднесена пред окружниот суд на САД во округот Колумбија.

Како што информираат од "Џудишал воч" тужбата ја поднеле откако и американскиот Стејт департмент и УСАИД не им одговориле на нивното барање од 16 февруари во кое барале:

Сите податоци кои се однесуваат на сите грантови, договори или исплати на средства од страна на Стејт департментот на Фондацијата Отворено општество- Македонија и / или на подружници на Фондацијата. Ова барање ги вклучува сите поврзани барања документи за финансирање, овластувања на исплата, или слични записи, како и сите поврзани документи и податоци со евиденција на комуникација помеѓу службеници, вработени, или претставници на Стејт департментот и на службеници, вработени или претставници на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).

На "Џудишал воч" не им ги дале ниту документите и податоците за комуникација помеѓу службеници, вработени или претставници на Стејт департментот и службеници или претставници на Фондацијата Отворено општество - Македонија и / или други придружни организации на Фондацијата. Ова барање ја вклучува и евиденцијата на комуникацијата испратена од или по наредба на американски амбасадор во Македонија, Џес Л. Бејли.

Нема документација ниту за сите анализи или слични записи за политичките активности на Фондацијата Отворено општество- Македонија и / или други придружни организации на Фондацијата, велат од организацијата.

Се кријат и пораките пренесени преку СМАРТ-системот на Стејт департментот испратени од сите вработени во Владата на САД или вршители на работа под надлежност на шефот на мисијата на Американската амбасада во Скопје кои се однесуваат на Фондацијата Отворено општество - Македонија и / или други придружни организации на Фондацијата.

 „Џудишал Воч“ поднесе тужба против Стејт Департментот и УСАИД

Американската правосудна организација „Џудишал воч“ поднесе тужба до Федерален суд против Стејт Департментот и УСАИД за проневера на околу пет милиони долари од американскиот буџет финансирани од Фондацијата Отворено општетсво на Џорџ Сорос во Македонија. Со парите од 2012-та до 2016-та биле финансирани лево-ориентирани невладини организации за соборување на македонската влада.

Правосудната организација за контрола на проневери „Џудишал воч„ покрена тужба против Стејт Департментот и УСАИД за да ги добие документите што покажуваат дека речиси 5 милиони долари од американските даночни обврзници биле дадени на македонската гранка на Џорџ Сорос фондацијата Отворено општество. Тужбата е покрената вчера откако Стејт Департментот и УСАИД не одговориле на барањето од 16-ти фебруари за грантовите дадени на фондацијата на Сорос во Македонија. „Џудишал воч„ побара документи за политичките активности со Отворено општество и од американскиот амбасадор Џес Бејли наименуван од поранешниот претседател Барак Обама. На сајтот на УСАИД наведено е  дека од 27 фебруари 2012-та до 31 август 2016-та, 4,8 милиони долари биле дадени на фондацијата Отворено општество Македонија за обука на младите Македонци на тема за слобода на здружување, политика на младите, граѓански иницијативи, јавни настапи и користење на нови медиуми.

„Џудишал воч ја истражува операцијата на Џорџ Сорос. Денеска поднесовме федерална тужба против финансирањето на речиси 5 милиони долари од страна на администрацијата на Барак Обама на една од подружниците на Џорџ Сорос во Европа, поточно во Македонија, каде неговата сојузничка група турка да ја симне од власт тамошната конзервативна влада со типично организирање на заедницата. Зошто доларите од даноците одат за политичката организација на овој милијардер, е нешто што сакаме да го дознаеме и затоа сега сме во федерален суд“, изајви Том Фитон, претседател на „Џудишал воч“.

Портпаролот на Стејт Департментот изјавил за американската телевизија „Фокс“ дека Департментот не коментира работи под истрага. Од УСАИД за „Фокс“ изјавиле дека фондацијата Отворено општество во Македонија помогнала за зацврстување на здравството, образованието, активизмот во заедниците и новинарството во земјата , честотопати во соработка со Европаката Унија, американската и македонската влада.

Американски конгресмени и сенатори на почетокот на годинава побараа одговори за активностите на американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли за финансирањето на проекти на Сорос. Конгресмените побараа и американски контролор да спроведе истрага за американската амбасада во Македонија. „Џудишал воч“ по својата истрага заклучува дека американската амбасада во Македонија со мешањето во македонската внатрешна политика ја прекршила Виенската Конвенција за дипломатски односи.

Случајно ли не, по вторпат кога има новини за истрагата против американската амбасада во Македонија, македонскиот сервис на Гласот на Америка излегува со изјава од Стејт Департментот за ситуацијата во Македонија.

„Џудишал воч“: Бејли и УСАИД на суд поради финансирањето и политичките активности на Сорос во Македонија

„Џудишал воч“ објави дека поднеле тужба според Актот за слобода на информации против Стејт департментот и американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) заради податоци и комуникации во врска со финансирањето и политичките активности на Фондацијата Отворено општество – Македонија. Македонската организација, дел од фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос, примила речиси 5 милиони долари од УСАИД од 2012 до 2016 година. Тужбата е поднесена во окружниот суд на САД во округот Колумбија.

Како што информираат од „Џудишал воч“ тужбата ја поднеле откако и американскиот Стејт департмент и УСАИД не им одговориле на нивното барање од 16 февруари во кое барале: Сите податоци кои се однесуваат на сите грантови, договори или исплати на средства од страна на Стејт департментот на Фондацијата Отворено општество- Македонија и / или на подружници на Фондацијата. Ова барање ги вклучува сите поврзани барања докуманти за финансирање, овластувања на исплата, или слични записи, како и сите поврзани документи и податоци со евиденција на комуникација помеѓу службеници, вработени, или претставници на Стејт департментот и на службеници, вработени или претставници на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).

Сите документи и податоци за комуникација помеѓу службеници, вработени или претставници на Стејт департментот и службеници или претставници на Фондацијата Отворено општество- Македонија и / или други придружни организации на Фондацијата. Ова барање ја вклучува и евиденцијата на комуникацијата испратена од или по наредба на американски амбасадор во Македонија Џес Л. Бејли.

Сите анализи или слични записи за политичките активности на Фондацијата Отворено општество- Македонија и / или други придружни организации на Фондацијата.

Сите пораки пренесени преку SMART системот на Стејт департментот испратени од сите вработени во Владата на САД или вршители на работа под надлежност на шефот на мисијата на американската амбасада во Скопје кои се однесуваат на Фондацијата Отворено општество- Македонија и / или други придружни организации на Фондацијата.

На веб-страницата на УСАИД стои дека во периодот од февруари 2012 до крајот на август 2016, оваа организација префрлила речиси 5 милиони долари на сметката на соросовата Фондација Отворено општество- Македонија, во партнерство со четири локални невладини организации. Веб-страницата на УСАИД нуди директен линк до фондацијата на Сорос и вели дека во проектот биле обучени стотици млади Македонци за тема како што се правото на слобода на здружување, , младински политики, граѓански иницијативи, аргументација и користење на медиумите.

Американската влада крајно нетранспарентно потрошила милиони долари на даночните обврзници на САД со цел да ја дестабилизира демократски избраната, централно-десничарската влада во Македонија, и тоа во соработка со милијардерот Џорџ Сорос. Според доказите што ги поседува „Џудишал воч“, Амбасадорот на САД, Џес Бејли соработувал со Фондацијата Отворено општество и префрлил големи суми државни пари на сметката на фондацијата за остварување на целта, што претставува мешање на амбасадорот во внатрешни политички прашања и кршење на Виенската конвенција.

Еве како функционира тајната операција, според извори во Република Македонија и во САД кои обезбедиле документи за „Џудишал воч“ како дел од тековната истрага. Фондацијата Отворено општество има воспоставено и финансирано десетици левичарски, невладини организации во Македонија со цел да ја урне конзервативната влада. Еден македонски владин претставник интервјуиран од страна на „Џудишал воч“ во Вашингтон неодамна ги нарече „пешадијата на Сорос“.

Пешадијата на Сорос ја сочинуваат младински организации и влијателни медиуми кои организираат насилни протести со цел да се поткопаат институциите на државата и владините политики. Една од овие организации ја преведе на македонски јазик и ја дистрибуира книгата „Правила за радикали“ на Сол Алински, која служи како тактички учебник за субверзивни дејности и радикални улични протести. Благодарение на амбасадорот на Обама, кој се уште не е разрешен од страна на претседателот Трамп, американските пари продолжиле да течат кон овие групи, за нивни активности и регрутирање, потврдуваат извори во Македонија и во САД.

Според InsidePhilanthropy.com, Фондацијата Отворено општество на Сорос можеби е и најголемата филантропска организација што некогаш била создадена, со филијали во 37 земји. Додека Фондацијата Гејтс троши повеќе пари, Фондацијата Отворено општество има поголеми димензии во светот благодарение на многу од нејзините локални канцеларии, вклучувајќи ги и тие низ Африка. Буџетот на Фондацијата Отворено општество ќе биде околу 930 милиони долари…

Активностите на амбасадорот Бејли и финансирањето на Фондацијата Отворено општество од страна на УСАИД неодамна се најдоа и под конгресна истрага. На 17 јануари, 2017 година, републиканскиот сенатор Мајк Ли испрати писмо до Бејли барајќи од него да ја објасни врската на Стејт департментот со Фондацијата Отворено општество. На 24 февруари 2017 година, републиканските конгресмени Крис Смит и Луи Гомерт и други побараа одамериканската Канцеларија за одговорност на Владата да се спроведе истрага и ревизија на активностите на Стејт департментот и на УСАИД и можно мешање во внатрешните политички работи во Македонија и кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи.

 Изгледа дека администрацијата на Обама ги користела парите на даночните обврзници, во обид да го финансира работењето на Сорос. Стејт департментот и УСАИД под администрацијата на Трамп треба се организираат и да ги откријат деталите на врската меѓу Обама и Сорос, изјави претседателот на „Џудишал воч“ Том Фитон.



Рекапитулар:

Невладините на СОРОС добиваат милионски суми пред избори.. Ова го открива истражувањето на граѓанското движење „Стоп операција СОРОС“. Според направената анализа, забележливо е дека освен редовните годишни трансфери кои ги добиваат од  Фондацијата „Отворено општество“, сметките на невладините дополнително се полнат во клучни политички моменти за Македонија. Најчесто пред започнување на изборни кампањи. Тоа се случило и минатата година. Точно пред да се дознае денот на изборите во 2016-та, од сметката на Отворено општество се слеале милионски суми во 20  невладини организации. На нивните сметки легнале над 13 милиони денари или повеќе од 200 илјади евра.

Според досегашната пракса, годишно невладините се финансираат со 10-тина милиони долари – половина од парите ги обезбедува СОРОС а другата половина пристигнуваат од дипломатски извори. Тие во изборна година секогаш обезбедуваат дополнителен буџет кој некогаш надминува и 15 милиони американски долари. Според мрежата на невладини кои СОРОС Македонија ги засилила со блок дотации пред стартот на парламентарните избори, воочливо е дека најмногу пари добиле три невладини организации. На сметките на Хелсишки, МОФ и Метаморфозис, фондацијата Отворено општество префрлило 9 милиони и 200 илајди денари. Најмногу пари пристигнале на сметката на Младински образовен форум. Покрај годишниот трансфер од 130 илјади денари, невладината дополнително добила неверојатни 4 милиони и 167 илјади денари. Следна на листата според висината на дополнителната трансферирана сума е Метаморфозис, невладина која според статутот работи на подобрување на квалитетот на живот и развојот на демократијата. На нејзината сметка, кратко пред изборната кампања легнале над 3,5 милиони денари.

Според мрежата на невладини кои СОРОС Македонија ги засилила со блок дотации предничи и Хелсиншкиот комитет кој во јавноста важи за партизирана и политизирана организација. Така за заштита на човековите права во Македонија, Хелсиншки пред изборите добил дополнителен буџет од 1 милион и 513 илјади денари. Значителни суми на пари добиле и невладините НВО Инфоцентар, Центарот за современи уметности, Младинскиот центар за европско образование, Организацијата на жени во Струмица. На сметките на овие невладини, Фондацијата отворено општество префрлило над 800 илјади денари.

Мрежата изработена од движењето „Стоп операција СОРОС“, покажува дека значителни суми добивале и невладини организации во внатрешноста на државата. Пред стартот на изборниот процес во Македонија, пари легнале на сметките на штипската невладина „Тивко мнозинство“, кичевската „Визио“  и „Патокази“ од Гевгелија.

Од 2014 до 2016 од Сорос

Метаморфозис – 1,08 милиони евра

Хелсиншки – 231.820 евра

МОФ – 79.000 евра

Од 2012 до 2016 од Сорос

НВО центар – 167.000 евра

Млади европски федералисти 12.000 евра

Факултет за работи кои не се учат – 30.000 евра

Фокус Велес – 9.000

Аква од Струга – 19.000

Пактис Прилеп – 23.000

Визио Кичево – 2,500

Акција Плус Ресен и Патокази од Гевгелија со слични износи.

Р-ц-ор од Кратово – 30.000

Центар за одржлив развој на заедницата од Дебар – 20.000

Младински културен центар од Битола – неколку илјади евра

(Извори: alsat.mk; republika.mk; kurir.mk; zurnal.mk; telegraf.mk)

Коментари
Нема коментари.
 
Архива