портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Црна Гора и НАТО
ноември 2015
Извор: Фазан.мк
Може ли опозоцијт во Црна Гора да го забави членството на земјата во НАТО? Не.Во таа цел власта ангажира маркетинг агенции со моќни капацитети. Резултат на тоа денес е расположението за НАТО кое од пред три месеци од 50 према 50 %, во моментов е 56% наспроти 44% во корист на Алијансата.





Владејачката гарнитура и НАТО структурите ги мобилизираа сите локални,па и регионални капацитети да ја убедуваат црногорската јавност во „користа“од членството на земјата во Алијансата. Се трошат за тоа милиони евра домашни и странски пари како и нато пари за пропаганда и за нато реформи на тамошнат војска.

Се врши и вонреден притисок врз јавноста на таа земја во убедување од користа во нато членството со убедувања за од економски, безбедносните привилегии до заплашувањата дека ако не влезе во НАТО Црна Гора ќе биде „безбедносна дупка“ на Балканот. Во таа цел власта ангажира маркетинг агенции со моќни капацитети. Резултат на тоа денес е расположението за НАТО кое од пред три месеци од 50 према 50 %, во моментов е 56% наспроти 44% во корист на Алијансата.

Зачувдувачки е што во оваа пресинг капмпања се вклучени експерти и агенции и од Србија и сите нивни ставови и истражувачки резултати упатуваат на растечкото расположение на црногорските граѓани за НАТО. Ова ангажирање на српски структури во црногорската кампања може да се толкува со фактот што во Црна Гора генерално кај христијанското население расположенето на тамошните граѓани за Србија е се уште нагласено, па во стилот „ако во Србија има се` поголемо расположение за НАТО тоа лесно може да се  прелее и во Црна Гора“. За албанското население и вопшто муслиманското во земјата расположението за НАТО е евидентно особено по членството на Албанија во Алијансата.

Целата „деформација“ на ваквото регистрирање на „расположението“ во Црна Гора се состои во фактот дека повеќе неутрални испитувања на јавното мислење укажуваат на тоа дека во нормални тестирања на јавното мислење владејачката структура предводена од Мило Ѓукановиќ не би добила повеќе од 15% од гласовите на црногорските гласачи. Оттука и заклучокот дека актуелните истражувања на јавното мислење во земјата за „за“ или за „против“ членството на Црна Гора во НАТО не се реален резултат, туку се тоа ефекти од огромниот медиумски пресинг на власта и на нато структурите врз менувањето на мислењето на граѓаните од анти нато во про нато.

Опозицијата во земјата е се посилна и поорганизирана, но таа е сеуште недоволно моќна да да го освои медиумскиот простор кој е клучот за масовното дефинирање на уверувањата на граѓаните.

Згора на сето и нволвираноста на одделни странски служби во црногорските про и анти нато релации нема да бидат многу ефектни особено поради генералната геостратегиска позиција на Црна Гора и на регионот воопшто каде што Алијансата има доминантно влијание и каде што некои процеси како членството во НАТО на Црна Гора, Србија, БиХ и Македонија, може да се забават, но не и да се запрат. Впрочем, нели, Црна Гора не е Грузија.

 


Коментари
Нема коментари.
 
Архива