портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Земјите од Балканската рута под миграциски притисок
август 2015

Македонија, Србија и Унгарија се соочуваат со најголем миграциски притисок беше заклучено на работниот состанок во Софија на членките на Салзбуршкиот форум.


Постојаното зголемување на миграцискиот притисок и сериозноста на предизвиците ја наметнува потребата од дополнителни акции на оперативно ниво, на земјите од регионот, било заклучено на работниот состанок меѓу државите-членки на Салзбуршкиот форум, иницијатива за соработка во областа на внатрешни работи меѓу девет земји членки на ЕУ, што се одржа во Софија. Учесниците на состанокот се согласија дека е неопходна размена на информации во реално време, зголемено учество во операциите организирани од страна на ФРОНТЕКС, како и во други заеднички координирани акции, формирање заеднички истражни тимови за борба против криумчарењето мигранти“, се вели во соопштението од МВР.

Истакнувајќи дека солидарноста и споделувањето на товарот за борба против илегалната миграција треба да биде основа за меѓусебната соработка, претставниците на државите од Салзбуршкиот форум, како што се наведува, ја искажаа подготвеноста за поддршка на државите од т.н. балканска рута (Македонија, Србија, Унгарија), кои во овој период се соочуваат со најголем миграциски притисок.

На состанокот во Софија учествуваше и директорот на Бирото за јавна безбедност, Горанче Савовски, каде што ги презентира мерките кои ги презема Македонија со зголемениот прилив од илегални мигранти. Тој ги посочи последните измени на Законот за азил и привремена заштита, врз основа на кои од почетокот на примената на законските измени (јуни 2015) се издадени повеќе од 20 илјади потврди за искажаната намера за поднесување барање за признавање на правото на азил во Македонија.

„Само во првите шест месеци од оваа година се поднесени 123 кривични пријави против 179 лица за криумчарење мигранти, што доволно укажува на интензитетот и обемот на криминалот поврзан со илегална миграција“, стои во соопштението од МВР.

Бугарија од 1 јули годинава го презеде претседателството со Салзбуршкиот форум. Бугарија го организираше состанокот врз основа на заклучоците на вонредниот состанок на Салзбуршкиот министерски форум, кој се одржа на 20 минатиот месец во Брисел, за преземање на итни заеднички акции за борба против илегалната миграција и криумчарење мигранти.

На состанокот, покрај претставниците на државите членки на Салзбуршкиот форум (Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешката Република, Унгарија, Полска, Романија, Словачката Република и Словенија) учествува и претставници од Германија, Србија и Косово.

Околу 70 проценти од илегалните имигранти од Блискиот Исток и Централна Азија, на својот пат кон земјите од ЕУ ја користат копнената рута што минува низ земјите од западен Балкан, изјави српската министерка за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ.

Во изјава за српската државна телевизија РТС, Јоксимовиќ вели дека ЕУ ја препознала „балканската рута“ како главен канал за прилив на илегални имигранти, па затоа во септември во Будимпешта ќе се одржи конференција на највисоко ниво, на која треба да бидат утврдени јасни механизми за финансиска поддршка на земјите од регионот.

Јоксимовиќ додаде дека досега за справување со проблемот со илегалната имиграција Србија од претпристапните фондови на ЕУ добила околу 2,5 милиони евра за потребите на Центарот за прифаќање на имигранти во Прешево и шест милиони евра за реадмисија на лицата кои се враќаат во Србија.

Според неа, ЕУ на Србија и' одобрила дополнителни „околу 2,5 до три милиони евра“ за зајакнување на контролата на нејзините граници, со цел да се спречи приливот на имигранти.

Инаку, Европската унија обезбеди 90.656 евра хуманитарни средства за да помогне во справувањето со миграцискиот притисок во Република Македонија.

Поддршката е наменета за Црвениот крст на РМ да им понуди помош на околу 4.600 луѓе во следните три месеци, преку Фондот за итно надминување катастрофи на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Помошта е наменета, пред се', за Прифатниот центар за баратели на азил во Скопје и за главните железнички станици на јужната и северната граница на земјата.

„Помошта ќе ги покрие основните потреби, како што се услуги од примарната здравствена заштита, снабдување со вода, храна, хигиенски пакети, ќебиња, облека, чевли, продукти за нега на бебиња“, соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје.(П.Р.)

Превземено од:

http://www.utrinski.mk/?ItemID=3B582AFF0FF4B04EB302C6BC3CA49690
Коментари
Нема коментари.
 
Архива